Европски ден на дарување органи

Од:

Здружението на граѓани Нефрон денеска ќе го одбележи Европскиот ден на дарување органи што трета година по ред се одбележува и во Македонија.

По овој повод, и со дозвола од Европскиот директорат за квалитет на лекови и медицина, „Нефрон“ ја преведе и ја објави  брошурата „Органодарителство-Ајде да зборуваме за тоа“, која е збир на информации за донирањето органи за трансплантација, лекувањеи и спасување друг живот.

– Во брошурата се содржани сите важни информации кои ќе му помогнат на обичниот човек да ја осознае суштината на медицинската процедура на  трансплантација и на дарувањето органи по смртта како највисок хуман акт и чин на човекољубие со кој може да се спаси друг живот, соопшти Нефрон.

Европскиот ден за донирање органи во земјите на Европа се одбележува секоја втора сабота од октомври, а Советот на Европа има развиено унифицирано лого, идеи и програми за одбележување на денот во сите земји. Секоја година една земја-членка е носител на овие активности, а годинава тоа е Италија. 

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните