Европската Унија реши дека за неа Коридорот 10 низ Македонија не е веќе приоритетен

Од:

Европската Унија реши дека за неа Коридорот 10 (автопатот низ Србија и Македонија) не е веќе приоритетен и дека својата поддршка ќе ја насочи кон девет други, за неа поважни коридори, од кои само еден поминува низ Балканот, а тоа е Коридорот 4 или т.н. Коридор Ориент-Источен Медитеран. Ова значи дека Европјаните се фикусираат на патниот правец Романија-Бугарија-Грција, наместо Србија – Македонија – Грција.

Ваков е планот на ЕУ за наредните 6 години, но ова не значи дека делницата Демир Капија – Смоквица нема да се заврши и со помош на европски пари.

Според сите анализи главниот проблем за ваквата промена на приоритетите е заостанувањето на изградбата на Коридорот 10 во делот во Србија, а геостратешки гледано ова е можен одговор на ЕУ за владите на Србија и на Македонија во врска со нивниот однос кон проектот Јужен тек. Србија отворено изјавува дека не се откажува од проектот Јужен тек, а и Македонија и натаму сериозно смета на овој гасовод како еден од стратешките проекти за енергетските прашања во земјава.

Автопатот Демир Капија – Смоквица, последниот дел од Коридорот 10 во Македонија, се гради со 130 милиони евра средства од Европската инвестициона банка, 45 милиони евра грант од Европската комисија, а Европската банка за обнова и развој одобри кредит од 107 милиони евра. Поголемиот дел од овие пари веќе се искористени. Доизградбата на делницата Демир Капија – Смоквица не е доведена во прашање.

Би можело да ве интересира

Официјално пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

Нормализиран сообраќајот на патот Маврово – Дебар, кај „Ростушко анче“

Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово, почина 19-годишна девојка

Предраг Петровиќ

Нормализиран e сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

(ВИДЕО) Мицкоски: Започнуваме еден од клучните инфраструктурни проекти-изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар