А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Европската унија ги одлага разговорите за влез на Македонија и Србија во јуни

by А1он21/05/2013 - 16:25135
Share0

Советот за општи работи на Европската унија (ГАК) и дефинитивно одлучи жешкото прашање за проширувањето и можното доделување датум за почеток на пристапните преговори со кандидатите Македонија и Србија да го отвори на последниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата што ќе се одржи во јуни, неколку дена пред Самитот на Европскиот совет кој е закажан за 27-ми, идниот месец.

Следете a1on на Instagram Instagram

Шефот на дипломатијата на Ирска и претседавач со ГАК-от, Емон Гилмор, по денешниот состанок соопшти дека тој и неговите колеги “подоцна ќе му се посветат на прашањето за проширувањето“.

Министрите за надворешни работи денеска во Брисел го подготвуваа утрешниот Самит на Европскиот совет, кој ќе биде посветен на засилување на даночната контрола во ЕУ и на енергетиката, додека прашањето за проширување, иако беше на агендата, според Гилмор е одложено за 25 јуни, кога Советот за општи работи на Унијата ќе го одржи последниот состанок во подготовката на јунскиот Самит на ЕС.

– Денеска само ги допревме прашањата кои ќе бидат опфатени со јунскиот Самит, како економските политики, имплементацијата на раст и работни веста, како и прашањето за проширување. Но, на нив ќе се навратиме подоцна, напомена ирскиот вицепремиер Гилмор на прес-конференцијата по завршувањето на ГАК-от.

Сепак, на денешната дискусија на состанокот, токму Гилмор побара флексибилност од земјите-членки во однос на прашањето за проширувањето. Со ова, иако во агендата на денешниот состанок на министрите беше и точката за “можен повик на Советот да донесе одлука да ги отвори пристапните преговори со земјите-кандидати“, јасно е дека 27-те шефови на дипломатиите ќе се зафатат со ова веќе горливо прашање на два дена пред клучниот Самит, на кој Македонија и Србија како единствени кандидати очекуваат да добијат датум за почеток на пристапните преговори.

Следете a1on на Youtube YouTube
eu

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 15:1230/09/2026 - 15:19

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он28/09/2026 - 14:1728/09/2026 - 14:56

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он28/09/2026 - 09:4528/09/2026 - 11:05

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он20/09/2026 - 19:2720/09/2026 - 21:38

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски10/09/2026 - 08:2610/09/2026 - 09:04

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Горан Наумовски10/09/2026 - 06:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео