Европската перспектива на Македонија тема на средбата на Радев со Штајнмајер

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев и неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер одржаа работна средба во Стразбур, на која разменија мислења за безбедносната средина во соседните региони на ЕУ и европската перспектива на Република Северна Македонија, соопштија од прес-службата на претседателот на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев го изразил очекувањето на Бугарија за активен билатерален дијалог на високо ниво со Република Северна Македонија, во кој ќе се решат спорните прашања во билатералните односи.

Радев, на својот германски колега, му посочил дека Северна Македонија мора да покаже европска зрелост и почит кон вредностите на ЕУ со преземање конкретни активности за ставање крај на говорот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, државните и научните институции и јавните медиуми, да престане со фалсификување на бугарското културно и историско наследство и особено за почитување на правата на своите граѓани, кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет.

На средбата меѓу двајцата претседатели било поставено и прашањето за пристапување на Бугарија во Шенген зоната, за што Софија постигнала техничка подготвеност во 2011 година.

Двајцата лидери, исто така, се согласиле дека Европската унија треба да биде многу поактивна во барањето мирно и одржливо решение за кризите во соседните региони, кои се и причина за зголемениот миграциски притисок врз Европа.

Би можело да ве интересира

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро

Американските ракети ќе се произведуваат во Европската Унија

Песков: Русија не претставува закана за Европа и нема да започне светска војна

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел