Европска поддршка за реформите во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Членовите на Иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ Александар Михајлоски, Петар Богојески, Костадин Богданов и Драган Лазаров беа на работни состаноци воЕвропскиот парламент во Брисел, Белгија и остварија повеќе средби со политичари од Европскиот парламент.

Во изминатите два дена, претставниците на Иницијативата остварија низа средби со членови на Европскиот Парламент од Европската Народна Партија (ЕPP), која е воедно и најголемата група во Европскиот Парламент и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. На средбите беше презентирана новата Декларација „Европско ВМРО-ДПМНЕ за Европска Република Македонија“ и Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ, како визија за промовирање на вистинските демократски вредности во ВМРО-ДПМНЕ и нејзино зајакнување, како и силни заложби и поддршказа Евроатлантскиот пат на Република Македонија.

„Средбите што ги имавме во Брисел ја покажаа поддршката која ја имаме, не само меѓу членството во ВМРО-ДПМНЕ, туку и кај политичарите од сестринските партии во Европа. Оваа поддршка недвосмислено кажува дека партијата треба да се реформира како предуслов за деизолција и враќање на угледот на ВМРО ДПМНЕ, кој во изминатите години беше нарушен со погрешни политики”, рече Александар Михајлоски.

Констатираме голема поддршка за унапредување и модернизирање на ВМРО-ДПМНЕ низ реформските процеси кои следуваат, а ќе придонесат Европската Народна Партија повторно да има силен партнер во Република Македонија.Во наредниот период таа поддршка и јавно преку пораки и настапи ќе биде дадена на Внатрепартиската инцијатива за реформи, со цел Македонија забрзано да се придвижи кон членство на ЕУ и НАТО, бидејќи на Македонија и треба силна, проевропска и конструктивна ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на претставници на Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ од посетата на Европскиот парламент во Брисел, Белгија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ