Европарламентарецот Јавор бара од ЕК да се изјасни за азилот на Груевски

Од:

Унгарскиот европратеник од Зелените, Бенедек Јавор, му испрати официјално писмо на еврокомесарот за миграција и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, во кое бара од Европската Комисија да го каже ставот за доделениот азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од страна на унгарската влада.

Во писмото тој вели дека унгарските власти одобриле азил за Груевски кој под “сомнителни околности“ пристигнал во унгарската престолнина со помош на унгарските власти и таму побарал политички азил.

Тој потсетува дека Груевски е осуден за корупција во Македонија и ги набројува основите врз кои лице може да побара азил во ЕУ согласно директивата на ЕУ 2011/95. Во членот 12 параграф 12 стои дека државјанин на трета земја не може да добие статус на бегалец доколку тој сторил “сериозен неполитички злостор“

-Бидејќи корупцијата не е еден од овие злостори, кои се сметаат за политички, верувам дека унгарската влада не беше во позиција да одобри азил за Никола Груевски. Затоа, би сакал да ве замолам да ме информирате за позицијата на Европската Комисија за тоа дали одлуката на унгарската влада е во согласност со европското законодавство и доколку не е, која е намерата на Комисија во овој случај, му напиша Јавор на Аврамопулос.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно