Еврокомесарот за проширување Вархеји во Скопје

Од:

Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји денеска ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија.

Како што соопшти делегацијата на Европската комисија во Скопје, Вархеји ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Вархеји исто така ќе се сретне и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Посетата на комесарот Вархеји во регионот ќе продолжи во Албанија следниот ден.

На средбите најверојатно ќе стане збор за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.

На 18 декември минатата година вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархеји во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Северна Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархеји минатиот месец рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат напролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.

Земјите членки на ЕУ не се договорија за почеток на преговорите со двете земји, поради противењето на Франција, која, пак, услови со нова методологија на преговарање.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он