Евроинтегративниот процес главна тема на средбата Заев-Ван Калстер

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во рамки на редовните контакти со претставници на странски држави во Македонија, денеска се сретна со амбасадорот на Белгија, Аник Ван Калстер.

На средбата, соопшти СДСМ, станало збор за прашања кои ги засегаат односите меѓу Белгија и Македонија и за повеќе актуелни теми поврзани со економската и политичката состојба во Македонија и пошироко во регионот.

Разгoварано е и за напредокот на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес, при што амбасадорот Ван Калстер ја акцентирл поддршката на Белгија за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

– Се зборуваше и за можностите за развој на севкупните односи помеѓу двете земји и продолжување на успешната соработката помеѓу СДСМ и амбасадата на Белгија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?