Евроамбасадорот Гир му го предаде извештајот на ЕК на претседателот Пендаровски

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, изрази задоволство што Европската Комисија повторно го констатираше напредокот на Република Северна Македонија во исполнувањето на потребните реформи и во извештајот ја реафирмираше подготвеноста на државата за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно усвојување на преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Северна Македонија која ќе го означи почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија.

На средбата, соговорниците разговараа за клучните оценки во извештајот, којшто според претседателот Пендаровски претставува објективна слика за состојбите во државата.

Би можело да ве интересира

Ако направиме уставни измени ќе добиеме „петка“, не е точно дека сме зад Албанија, Мицкоски за извештајот на ЕК

Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и со Босна, вели европратеничката Јовева

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

Македонија мора да ги направи уставните измени, порача Марта Кос

Катерина Ѓуровски

Македонија не презема чекор и не ги внесува Бугарите во Уставот – извештај на Европската комисија

Поголем напредок во владеењето на правото и почитување на договорите со соседите, бара ЕУ во извештајот за Македонија