ЕВН Македонија на сопствен трошок ја санира мрежата во поплавените подрачја

Од:

Во интерес на правилно и точно информирање, сакаме да потенцираме дека замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил за оваа услуга. Оттука, категорично ги демантираме сите невистини што се јавија на социјалните мрежи во кои се тврди спротивното. Екипите на ЕВН Македонија со сите расположливи капацитети работат на терен за што побрзо да се санираат штетите и да се обезбеди електрична енергија до сите корисници, неведуваат од комппанијата.

ЕВН Македонија не само што не ги наплатува новите броила, туку во интерес на безбедно и навремено снабдување со електрична енергија нашите екипи ја санираат и внатрешната инсталација на корисниците, повторно без никаков надомест.

Споделувањето на непроверени информации заради лични интереси и лично промовирање во услови на елементарна непогода, не му помага никому. Сега е време во кое треба сите да работат на санирање на штетите од невремето.

Екипите на ЕВН Македонија од почетокот на кризата се во поплавените подрачја и постојано работат на отстранување на дефектите и пуштање под наопон на што поголем број корисници. Досега се вклучени над 13.000 корисници, односно над 95% од вкупниот број на корисници во критичниот регион и интензивно се работи да се приклучат сите. Без напојување во моментов се неколку стотици корисници кои се напојуваат од трафостаници кои се под вода и корсниците кои не сакаат да бидат приклучени поради уништената внатрешна инсталација. Екипите остануваат на терен сè додека не се нормализира во целост снабдувањето со електрична енергија, информираат од ЕВН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните