А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Евидентирани 337 деца питачи на улици, најмногу во Скопје и Прилеп

by А1он07/11/2018 - 14:25259
Share0

Вкупно 337 деца питачи се евидентирани на улица, од нив само девет не се од ромска етничка припадност, покажува последното истражување на Канцеларијата на Народниот правобранител.

Добивај вести на вибер

– Насекаде во Македонија има деца на улица, а бројката што ние сме ја забележале секојдневно се менува. Кога е направено нашето истражување евидентирани се 337 деца на улица. Најголем број на деца питачи има во Скопје и во Прилеп, изјави денеска народниот правобранител Иџет Мемети одговарајќи на новинарско прашање на маргините на Конференцијата за инклузијата на Ромите по завршувањето на ромската декада.

Во однос на возраста на децата кои питачат на улица, како што рече тој, има деца од сите возрасни групи, од бебиња кои не наполниле ниту една година и деца со ненавршено полнолетство.

– Ние секогаш алармираме за ваквите лоши состојби и бараме властите да преземат не само ат хок мерки, туку системски да се решаваат проблемите. Ако не се решаваат проблемите во образованието, вработувањето, здравството и домувањето, тешко дека можеме да се справиме со сите други проблеми со кои се соочуваат сите деца на улица, но секако посебно децата од ромската заедница, вели Мемети.

Во контекст на тоа, народниот правобранител додава дека е жално што никој во нашето општество, во ниту една институција нема точни податоци во однос на децата на улица.

-Дури и мерките што ги преземаат властите се интервентни. Проблемот е посистемски и како процес треба да се решава. Ние сфаќаме дека не може се одеднаш, бидејќи процесот бара базични и многу содржајни проекти, но секако без средства тоа не може да се реализира, рече Мемети.

naroden pravobranitelsiromastija

Би можело да ве интересира

Селами: Враќањето на довербата во Народниот правобранител е клучен приоритет

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:0626/01/2026 - 11:07

Фатон Сељами од Тетово е нов Народен правобранител

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:20

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 11:42

Левица: Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 11:03

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2329/12/2025 - 13:52

Гаши апелира за политички договор околу изборот на Народен правобранител

Горан Наумовски25/12/2025 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен