ВИДЕО: Евакуации во Македонија, по невремето кое поплави домови

Од:

Поројните дождови донесоа и поплави во домовите на жителите на Општина Долнени. Ситуацијата ескалирала, додека Центарот за управување со кризи информира дека има поплавени места и евакуација на жители. Истовремено, поплавени се и улици во повеќе градови, меѓу кои и Тетово од каде се објавени снимки. Центарот за управување со кризи посочува дека до овој момент, нема настрадани во ниту едно населено место.

„Водата во поплавените населени места се повлекува. Поголем дел од општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата. Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани“, велат од ЦУК.

Тие посочија дека градоначалникот на општината информирал за евакуацијата.

„Според последните информации добиени од Градоначалникот на ЕЛС Долнени заради поплавувањето на подрумските простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори. Во моментот ангажирани се 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило“, додава ЦУК.

Поројните дождови, поплавија улици и ширум Тетово. Жителите објавија и снимки на кои се гледа состојбата во градот.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11

Активни се пет пожари на отворен простор, шест се ставени под контрола