А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУ: Последните случувања фрлаат сомнеж дека ќе се обезбедат услови за веродостојни избори

by А1он15/04/2016 - 13:4115/04/2016 - 17:26199
Share0

Европската унија го изрази својот став за предвремените парламентарни избори во Република Македонија, што денеска и официјално се закажани за 5 јуни, порачувајќи дека е потребно исполнување на три услови за да се обезбедат, како што проачуваат „веродостојни избори“.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Последните случувања фрлаат сомнеж во врска со можноста за обезбедување услови за веродостојни избори. Ги повикуваме сите заинтересирани страни и политичките партии да продолжат да работат заедно за да се обезбедат услови за веродостојни избори, во интерес на земјата и нејзините граѓани. Ова вклучува завршување на прочистувањето на Избирачкиот список, балансирано известување на медиумите и истрага, односно казнување на сите пријавени за заплашување на гласачите. Ние ќе продолжиме да го следиме ова одблиску со меѓународните партнери како што е ОДИХР и ќе продолжиме да ја истакнуваме секоја загриженост што ја имаме, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ за МИА.

– Ги повикуваме сите граѓани и сите партии да учествуваат во демократските процеси на ненасилен начин. Оваа криза може да се реши со политички средства и со враќање на масата за дијалог, ја пренесе Коцијанчиќ пораката на ЕУ до Македонија.

euizbori

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Горан Наумовски14/11/2026 - 20:35

Бернам: Очекувам договор со ЕУ што ќе донесе придобивки и за Британија и за Европа

Горан Наумовски14/11/2026 - 19:34

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Горан Наумовски14/11/2026 - 07:42

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ13/11/2026 - 19:1213/11/2026 - 20:34

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он09/11/2026 - 17:3009/11/2026 - 16:55

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он06/11/2026 - 20:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео