ЕУ – патувачкиот автобус престојуваше во општина Новаци

Од:

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска беше домаќин на Делегацијата на ЕУ предводена од шефот на Одделот за политика, правда и внатрешни работи при Канцеларијата на ЕУ во Македонија Роберт Лидл, која во рамките на проектот „ЕУ патувачки автобус – ЕУ одблизу“ посетува неколку избрани општини во Република Македонија.

За време на денешниот промотивен настан во Новаци граѓаните имаа можност во непосредна комуникација да постават прашања и да бидат информирани за Европската Унија, пристапувањето на државата во Унијата, можностите за искористувањето на фондовите од ИПА програмата и другите програми на ЕУ, како и за други активности поврзани со ЕУ во земјата.

– Ние како погранична општина често сме помагани од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија. Досега добивме четири проекти и бидејќи се покажавме како одлични имплементатори неодамна добивме уште еден проект за реализација. Во оваа фаза најмногу сакаме да им помогнеме на земјоделците, како да ги искористат фондовите на ЕУ, како да аплицираат односно да се едуцираат за полесно да доаѓаат до потребните средства, посочи градоначалникот на општина Новаци Котевски.

Општина Новаци подолг временски период негува одлична соработка со пограничните општини Куфалја и Алмопија од соседна Грција со кои има реализирано заеднички ЕУ-проекти.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он