ЕУ очекува брзо формирање нова влада на Македонија

Од:

Откако претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го предаде мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за составување нова влада, Европската унија излезе со повторен став дека очекува „брзо формирање на нова влада“. Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич го повтори ставот на неформалната Влада на ЕУ, даден уште ден по македонските парламентарни избори што се одржаа на 11 декември.

– Во оваа фаза, единствено што можам да кажам е дека ние одблиску ја следиме ситуацијата. Како што рековме во минатото, ние, во рамки на уставните рокови, очекуваме брзо формирање на нова стабилна влада. Ние, исто така, сакаме да видиме итна имплементација на реформите, решавање на прашањата за системското владеење на правото, исто и преку итните реформски приоритети и преку продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата на нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е се што можам да кажам во моментов, потенцираше Коцијанчич.

Би можело да ве интересира

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната