ЕУ Обзервер: Иванов ги блокира албанските партии да се приклучат на владината коалиција

Од:

Бриселскиот интернет-портал „ЕУ Обзервер“, денеска излезе со куса вест за вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на Македонија и неговите изјави во врска со политичката криза.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во текстот насловен „Апелот на Туск наиде на глуви уши во Македонија“, ЕУ Обзервер наведува дека претседателот Ѓорге Иванов „ги блокира албанските партии да се приклучат на коалициската Влада“.

– Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, му кажа на македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Скопје дека неговите постапки ја „задржуваат (неговата) земја да се врати од евроатлантски пат“. Тој, исто така, побара од него да не се „подгреваат понатамошни тензии… по етнички линии“. Иванов ги блокираше опозициските албански партии да се приклучат на коалициската влада и покрај тоа што има мнозинство. Тој рече во понеделникот дека ништо не се променило и оти коалицијата ќе има „штетни последици“, известува „ЕУ Обзервер“ за вчерашната посета на Туск на Скопје.

Би можело да ве интересира

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Туск: ЕУ не е создадена за да измами некого

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Зеленски и Туск: Украина и Полска ќе работат заедно за да ја запрат руската агресија

Горан Наумовски

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух