ЕУ му одговори на Иванов: Претседателот да го преиспита ставот и да овозможи формирање на новата Влада

Од:

Европската унија останува на искажаниот став на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини, ова е одговорот упатен денеска до ТВ Алсат-М, на прашањето како Брисел го коментира писмото на претседателот Ѓорге Иванов во кое тој побара Брисел да ја осуди и отфрли албанската платформа.

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека пораките испратени пред една недела од Могерини биле јасни и оти претседателот Иванов е оној кој треба да ја преиспита својата одлука.

„Европската унија останува на ставот на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини, се вели во одговорот упатен денеска до Алсат-М на прашањето како Брисел го коментира писмото на претседателот на државата во кое тој побара Брисел да ја осуди и отфрли албанската платформа.Запознаени сме со писмото на претседателот Иванов. Ги повикуваме сите политички актери, вклучувајќи го и претседателот, да го почитуваат изборниот резултат, да постапува согласно Уставот, да го почитува јасното парламентарно мнозинство, да дозволи демократскиот процес да тече. Го повикуваме претседателот да го преиспита својот актуелен став и да овозможи формирање на новата влада, изјави Коцијанчич.

Би можело да ве интересира

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија

ЕУ со најголема побарувачка за кадар во продажба, маркетинг и производство

Европската Унија постави услов за деблокирање на руските средства

ЕУ минатата година потроши 25,2 отсто од својата енергија од обновливи извори