ЕУ испраќа уште заштитни маски во Северна Македонија

Од:

Нови залихи на ФФП2 маски ЕУ испраќа денеска во Северна Македонија и Црна Гора од резервата на ЕУ на медицинска заштитна опрема, јавува дописничката на МИА од Брисел.

-Горд сум што се мобилизира дополнителна заштитна опрема во Северна Македонија и Црна Гора од резервата РескЕУ на ЕУ. Со овие нови залихи на заштитни маски им пружаме заштита на медицинските работници и другите есенцијални работници, изјави Јанез Ленарчич, еврокомесарот за хуманитарна помош.

Минатата недела двете земји добија помош од Австрија во облик на дезинфекциски гел, пешкири, ракавици и постелнина и се доставени преку ЕУ механизмот за цивилна заштита.

Резервата, како што објаснуваат од Европската Комисија, се наоѓа во Романија и Германија, и овие две земји се одговорни за доставување на опремата. Европската Комисија пак финансира сто отсто од набавката на ракавици и друга опрема, соопштија од таму. ЕК подготвува дополнителна помош во наредните недели.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски