ЕУ го поддржува подобрувањето на системот за бесплатна правна помош во Македонија

Од:

Завршната конференција на проектот за бесплатна правна помош ќе се одржи утре во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 11 часот. На оваа конференција ќе бидат презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош.

Проектот „Пристап до правда во Македонија“ се спроведуваше во последните 18 месеци, со финансиска поддршка од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR) на Европската унија. Проектот вклучи активности за мониторинг на спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош, врз основа на методологија развиена и применета од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија и мрежата од 6 овластени здруженија за обезбедување бесплатна правна помош.

Во текот на проектот, правни совети беа обезбедени за повеќе од 1.800 граѓани од ранливите групи за да решат некој конкретен правен проблем со кој се соочуваат; поднесени беа вкупно 159 барања за правно застапување во судски постапки финансирано од државата; покренати беа административни спорови против 13 одлуки со кои се одбива барање за бесплатна правна помош пред Управниот суд. Освен тоа, шесте здруженија овластени за обезбедување претходна правна помош ги изградија своите капацитети и добија директна поддршка за нивната работа.

Овој проект, финансиран од ЕУ, има за цел да придонесе во подобрувањето на системот за заштитата на човековите права во земјата. Исто така, проектот се фокусираше на идентификување на слабостите во примената на Законот за бесплатна правна помош, преку директно вклучување во овој механизам. Проектот претставува продолжување на повеќегодишните заложби на здруженијата кои работат на примената на овој суштински инструмент за заштита на човековите права.

Конкретните цели на проектот подразбираа активно учество во и следење на примената на Законот за бесплатна правна помош, за да се направи независна оценка на слабостите во примената на Законот и да се подготват препораки за подобрување на јавната политика.

Препорачани акции што треба да се преземат во насока на подобрување на механизмот за бесплатна правна помош се:

Да се организира транспарент процес на реформи за подобрување на Законот за бесплатна правна помош, со значајно учество и придонес од сите засегнати страни;

Да се земат предвид критериумите и судската практика воспоставени од Европскиот суд за човекови права во случајот Airey v. Ireland;

Да се воспостави унифициран систем за подобрен пристап до правда кој, дополнително на механизмот за бесплатна правна помош, ќе се осврне и на проблемот со судските трошоци за маргинализираните групи на граѓани;

Да се подобрат административните и техничките капацитети на Министерството за правда, со цел да се овозможи брзо и ефективно работење од страна на неговите подрачни единици во однос на обезбедување бесплатна правна помош за граѓаните, како и квалитетно управување со системот за бесплатна правна помош;

Да се направат анализи и истражувања во областа на пристап до правда и бесплатна правна помош, особено од страна на Министерството за правда, граѓанските организации и академската заедница, коишто треба да придонесат за подобрување на Законот за бесплатна правна помош;

Да се овозможи потесна интеграција на овластените здруженија во системот за бесплатна правна помош, со цел да се промовира подобро искористување на овој систем;

Да се воспостави и да се одржува соработка и размена на искуства меѓу сите релевантни засегнати страни во обезбедувањето на бесплатна правна помош.

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска