Претставници на ЕУ во Македонија, ја обвиниле владата на Груевски дека земјата ја води во катастрофа, барајќи од власта и од опозицијата, да се договорат за решение со кое ќе се спречи експлозија во оваа балканска држава. Сепак, тие признаваат дека ваквиот дијалог, тешко дека е возможен, објавува Еуроактив
Двајца високи функционери, претставници на ЕУ и посредници при донесување одлуки во врска со Македонија, вчера пред неколкумина луѓе изјавиле дека владата на Груевски ја води земјата во катастрофа. Тие побарале да не се именувани со цел да можат слободно да се изразат.
Натаму, во извештајот на Еуроактив стои:
Неверојатна недоверба
Еден од функционерите го опишале како “неверојатно” нивото на недовербата во малата балканска земја, откако протекоа прислушуваните разговори што открија ужасен непотизам, корупцијата, местење на изборите и автократски практики.
Македонските политички партии најверојатно нема да најдат начин да се вклучат во конструктивен дијалог, или во било каков вид на дијалог, изјави еден од двајцата претставници, мислејќи на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Груевски и на социјалистичката опозиција, предводена од Зоран Заев.
ЕУ треба да бидат вклучени во олеснувањето на таков дијалог, додаде тој, објаснувајќи дека обидот ќе трае две недели за да се види дали страните се подготвени да ја креираат „нивниот придонес кон компромисот”.
Неприфатливо е натамошното одложување на почетокот на преговорите. Тоа не е морално, тоа е крајно глупаво, рече тој.
Разликите се многу длабоки, недовербата е неверојатна, непријателството е многу силно и постојат сите видови закани, додава соговорникот, навестувајќи дека улогата на ЕУ во обидот да се најде политичко решение нема да биде лесна.
Македонија веќе помина многу драматичен период, рече тој, мислејќи на вооружениот конфликт меѓу албанската Ослободителна национална армија и македонските безбедносни сили, кој беше запрен од страна на западните сили со посредство на Охридскиот рамковен договор од 2001 година.
Тој предупреди дека во одредена ситуација, кога нема да има конкретната европска перспектива, овој меѓуетнички конфлик би можел да експлодира во многу сериозен судир.
Европскиот претставник исто така, рече дека е веројатно Европската комисија . овојпат нема да предложи започнување на преговорите за пристапување. Во својот Извештај за напредокот во 2013 и 2014 година, Комисијата препорача да се отворат такви преговори, но оваа препорака не беше усвоена од страна на Советот, каде што седат земјите-членки, заради “спорот со името” со Грција.
Претставникот, исто така, изјави дека политичката елита во земјата треба да биде свесна дека Македонија може да доживее неуспех со следната препорака за ЕУ. Извештаите се обично се даваат на есен.
Владата на Груевски под оган
Другиот официјален претставник беше уште подиректен и покритичен кон владејачката партија, која според неговите зборови „ја игнорира важноста на политичкиот дијалог”.
Тој ја обвини владата на Груевски за напад врз слободата на медиумите, се наведува дека според индексот на слобода на медиуми на Репортери без граници, Македонија слезе од 34. место на 134. место, веднаш над Ангола.
Тој го осуди насилството во земјата на 24 декември 2012 година, кога сите опозициски пратеници беа избркани од Собранието, заедно со новинарите.
За многумина во ЕУ, таа беше црвена линија во однос на демократскиот процес, рече тој, додавајќи дека мисијата од страна на тогашниот комесар за проширување Штефан Фуле била испратена и даде извештај, кој, бил целосно игнориран од страна на владејачката партија
Претставникот изјавил дека нема многу надеж за ова медијаца, но рече дека вреди да се обидат.
Недостаток на политичка култура
Функционерите зборуваа за “недостаток на политичка култура” и “недостаток на зрелост”, која, според нив, е крајно сериозна со оглед на меѓуетничка димензија. Тој се осврна на поновиот македонски закон за одобрување полицијата да користи гумени куршуми против демонстрантите, кои дури и Северна Ирска исклучи за време на т.н. “проблеми” меѓу 1968 и 1998 година.
Ноиот предлог-закон е директно насочен против албанското малцинство, рече тој, нарекувајќи го “уште еден нож во грб на меѓуетничките односи”. Тој објасни дека тоа не е донесен поради помалиот коалициски партнер кој одбил да го прифати.
– Но, ова е уште еден пример на недостаток на чувствителност на владејачката партија кон меѓуетничките прашања и кон пошироката ситуација”, изјави функционерот.
Во однос на скандалот со прислушувањето, тој изјави дека во секое нормално општество, Владата би поднела оставка. “Но, тоа не е нормално демократско општество”, додаде тој.
Тој рече дека владата на Груевски продолжува да ги негира откритијата на прислушувањето, велејќи дека се дело на странски разузнавачки служби.
Функционерот изјави дека никој во меѓународната заедница не му верува ни во еден збор од таквото тврдење и објаснува дека тоа е стандардна практика за Груевски да се повика странските разузнавачки информации, вклучувајќи го и случајот кога се уапсени повеќе од 15 лица, меѓу кои и шефот на кабинетот на претседателот на Собранието, за наводна шпионажа.
Тој објасни дека тоа е начин за владата да го одвлече вниманието од содржината, пред да се навратиме на содржината на прислушуваните содржини.
Тој ги нарече прислушуваните разговори, за кои веќе има превод – „апсолутно ужасни”. Тој рече дека јазикот што се користи е со „расистичкиот тон” и со „фанатичен тон”, без разлика дали станува збор за ромските гласачи, начинот на кој министерот за внатрешни работи зборува за ромските гласачи во разговорот со шефот на безбедност кој е братучед на премиерот, „ништо помалку од расистички”.
Меѓу другите примери тој ги посочува „валкани трикови за местење на изборите, какви што би се правеле во Чикаго, 1930 година”, како и откритија за мито од тендерската постапка, од кои најбесрамна е со кинеските компании, за кои Груевски зборува како за „жолтите луѓе”.
“Тој [Груевски] зборува за 15 милиони евра мито за секој од договорите, а најновите откритија се однесуваат на мито на шефот на безбедност добиени од израелските разузнавачи”, изјави тој, осврнувајќи се на опремата за прислушување која беше продадена на Македонија од страна на Израел.
Функционерот рече дека имало и референци на именувања на судии. „Што и да спомнете – се’ е таму”, рече тој, додавајќи дека сите гласови се многу препознатливи и дека ниту еден од прислушуваните не ја негираше нивната автентичност.
Дипломатите за Еурактив изјавија дека ЕУ треба да се обиде да изврши притисок врз Груевски да ја прифати привремената влада на една година за да подготви фер избори.
Друга идеја е дека треба да се назначи специјалнен претставник на ЕУ додека демократски не се избере нова влада.