ЕСМ: Во тешки услови на терен се санира свлечиштето и каналот на хидроелектраната Врбен на ХЕС Маврово

Од:

Се санира свлечиштето и се гради нов бетонски канал по настанатите штети на еден од каналите за собирање води за хидроелектраната Врбен на хидросистемот Маврово во септември, известуваат од Електрани на Северна Македонија.

Лизгање на земјиштето од обилните врнежи на 27 септември предизвика попуштање на бетонскиот канал, изграден уште во 1950г при пробивањето на тунелите и градењето на мрежата за собирање на водите од планинскио масив на Кораб и горнорадички слив, за потребите на хидроелектраните на ХЕС Маврово.

Со дозвола на Бирото за јавни набавки, по итна постапка веднаш по настанот, избран е изведувач на работите, градежна фирма од Тетово, која почна да работи на терен, со проценка за завршување на зафатот за 30 дена, соопштуваат од Електрани на Северна Македонија.

Во моментот се изведуваат ископи, насипи, поставување цевки за пропусти, кршење на стариот канал и изведба на нов тунел во должина од 29 метри. Се работи со булдожери, багери, утоварачи, кршачи на бетон, транспортери итн. Условите за работа се тешки, се работи на 1500м надморска виина, на ризичен терен со можни нови одрони на карпи и лизгања на земјиштето.

Хидроелектраната Врбен во текот на целиот период е функционална, има довод на води од другите канали, додека водата која не може да помине преку каналот каде сега се работи, се испушта во реката Радика и оди во акумулацијата Шпилје, се додава во соопштението на Електрани на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов