ЕСМ намалува трошоци, дел од вработените одат на принуден одмор

Од:

АД ЕСМ воведе мерки на штедење со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза. Мерките, како што велат од компанијата, се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.

– Од тие причини, во тек е постапка за утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70 отсто од платата, информираат од АД ЕСМ.

Како што посочуваат, намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно стопирани се спонзорствата, репрезентациите и службените патувања, кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија.

– Сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, додека употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана, потенцираат од АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер во четири очи во АД ЕСМ, во износ од 1.8 милиони евра

А1он

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Цевководот на „Беласица“ ќе биде саниран, скопјани ќе имаат парно навреме уверува ЕСМ