Ешерихија коли во храна причина за труење на 21 работник во штипската компанија „Актива“

Од:

Фекални бактерии во храната е причина за труењето на 21 работник на фирмата „Актива“ во Штип, покажаа анализите на штипскиот Центар за јавно здравје.

Пред точно десет дена работниците со симптоми на дијареа и повраќање беа хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека земени се мостри од храната и брисеви од вработените на штипската специјализирана фирма која ја приготвувала храната за компанијата Актива.

– Тоа се фекални бактерии присутни во дебелото црево, значи ешерихија коли, ентеро бактер и некои други бактерии кои што укажуваат на фекална контаминација или за присуство на бактерии кои што се резултат или покажуваат за една нечистотија, неодржување на хигиена. После интрневнцијата, извршена дезинсекција, дезинфекција и дератизација, состојбата е санирана. Земените брисеви се во ред, така што сега ситуацијата е под контрола, вели Димитрова.

Таа истакна дека се почести се ваквите масовни труења од храна, а пред две до три недели имале и случај со труење од храна во мензата на рудникот Злетово во Пробиштип, каде што околу десетина рудари поради труење од храна завршиле на инфективното одделение во Клиничка болница-Штип.

Димитрова забележува дека потребна е поголема одговорност на сопствениците на фирми кои произведуават храна за други фирми, односно да имаат поголема хигиена во објектите и да се вршат чести прегледи на вработените кои ја приготвуваат храната.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он