Есенската акција за чистење на Кисела Вода финишираше во Пинтија и Стаклара – Каменик

Од:

Во месните заедници Пинтија и Стаклара – Каменик, Општина Кисела Вода финишираше со есенската акција за чистење на својата територија.

Со оваа акција, во овие месни заедници извршено е целосно расчистување на сметот. Се чистеа тротоарите, улиците и тревните површини кои се под надлежност на локалната самоуправа.

Покрај ова, скастрени се сувите гранки на дрвјата и грмушките, а воедно, се собираше и кабаст отпад. Во акцијата собрани се 5 тони смет.

Имено, Општина Кисела Вода од почетокот на есенската акција за чистење која започна на почетокот на септември, активности за чистење на сметот спроведе на сите јавни површини кои се под нејзина надлежност, во сите месни и урбани заедници. Во оваа акција собрани се над 50 тони смет и кабаст отпад.

Локалната самоуправа во периодот што следува ќе продолжи со редовни активности за расчистување на сметот на својата територија. Воедно, Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поубава Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода