Со есенската акција за чистење на Кисела Вода досега собрани 10 тони отпад

Од:

Во општина Кисела Вода во рамки на акцијата за чистење на тревните површини, парковите и улиците досега се собрани околу 10 тони смет и кабаст отпад.

– Сезонските работници денеска во МЗ Подстаница вршат целосно расчистување на сметот, а во исто време го собираат и кабастиот отпад одложен на локации во оваа месна заедница. Со овие активности опфатено е и чистење на Црниот канал. Покрај ова, се косат нараснатите тревни површини, а се кастрат и гранките на дрвјата, информираат од Општина Кисела Вода.

Акцијата за чистење на територијата на Кисела Вода ќе продолжи да се одвива во четврток и петок во населба и село Драчево.

Од Општината апелираат до сите граѓани за совесно однесување и почитување на законот за јавна чистота, како би придонеле за поздрава и почиста животна средина, велат од Општината.

Акцијата започна минатата недела во населбите Црниче и Пржино.

Би можело да ве интересира

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода