ЕС го усвои пакетот за проширување, за Македонија само надеж

Од:

Со усвојување на Единствениот супервизорски механизам (ЕСМ) што ќе овозможува директна рекапитализација или затворање на банките во криза во земјите-членки на еврозоната, а што води кон подлабока економска и монетарна унија, во Брисел заврши Самитот на Европскиот совет.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, лидерите на земјите-членки на Европската унија денеска ги усвоија и заклучоците донесени пред три дена на Советот за општи работи на ЕУ во врска со пакетот за проширување на Унијата, во кои, како што е познато Република Македонија не доби датум за почеток на пристапните преговори, ниту скрининг-процес.

Европскиот совет, според договорот на министрите за надворешни работи од 12. декември, денеска го усвои заклучокот за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес, кој го сочинуваат пет параграфи, каде меѓудругото се наведува:

– Со оглед на евентуалната одлука на Европскиот совет за отворање на преговори за членство со поранешната југословенска Република Македонија, Советот, врз основа на извештајот што ќе бидат презентиран од страна на Европската комисија пролетта во 2013 година. Истиот ќе го испита спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), како и преземените чекори за промовирање на добрососедските односи и постигнување на компромисно и взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН, се вели во главниот заклучок, каде притоа се додава дека во оваа перспектива, Советот ќе го оцени извештајот во текот на следното претседателство со Унијата.

Понатаму се вели дека под услов оценувањето да биде позитивно, Комисијата ќе биде поканета од страна на Европскиот совет без одлагање да достави предлог за рамка за преговори со Република Македонија, во согласност со Европскиот совет во декември 2006 година и воспоставената практика;

– ЕК ќе треба да спроведе процес на аналитички преглед на законодавството на ЕУ на почетокот со поглавјата за судството и основните права и правда, слобода и безбедност. Советот ја зема предвид намерата на Комисијата да ги спроведе сите неопходни подготвителни работи во овој поглед, гласи крајот на клучниот петти параграф.

Останатите делови од заклучокот за Македонија се максимално позитивни и во нив Советот го поздравува напредокот постигнат во голем број клучни политички области, вклучително и во однос на законската рамка за избори, во областа на слободата на изразување и јавната администрација.

Би можело да ве интересира

ЕК предлага суспензија на договорот со Израел и санкции врз израелските министри и Хамас

Орбан: Брисел е на погрешен пат, ние ќе продолжиме по својот, унгарски пат

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта

Медведев: Русија ќе ги гони европските дегенерици кои се обидуваат да ги запленат нашите средства

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто