Ермира Мехмети сепак дала изјава дека е потресена од насилството во парламентот

Од:

Под наслов „Либертас не измисли изјава од Ермира Мехмети“, порталот тврди дека изјавата е точна.

„Веста во која ја пренесовме изјавата на пратеничката и висок функционер на ДУИ, Ермира Мехмети, дека од човечки аспект е потресена од насилието што се случувало пред нејзините очи завчера, кога пратеничките од опозицијата насилно и со тепање беа извлечени од собраниската сала, неколку портали, повикувајки се на Мехмети, не демантираа и не етикетираа дека сме измислиле изјава, па дури и дека сме портал кој лаже.

Чудна возбуда, особено кај провладините портали кои пак и конструраа прикаски каде и со кого сум ја измислувал изјавата на Ермира. Да, точно е дека со семејството на Ермира сум многу приватно близок и имам голема почит кон Ермира како личност со интегритет и свое мислење и ни во сон не би ми паднало да измислувам нејзина изјава.

Веста е за нејзината потресеност од грдата слика што ја гледала и што го обиколи целиот свет.

Ермира, иако ја прашав не сакаше да коментира за судирот на власта и опозицијата и за, според мене, штурото и без став на нејзината партија соопштение“, пишува уредникот на либертас, Ацо Кабранов.

„Затоа, за читателите на Либертас, а не за порталите кои се платени да лажат, еве уште еднаш што ми изјави Ермира Мехмети, како политичар професионалец на новинар: Сеуште сум потресена од насилството врз колешките пратенички. Бев нем сведок на тепањето, мене никој не ми направи нешто, но сликата што ја гледав ме порази, вели за Либертас, Ермира Мехмети, пратеничка и висок функционер на владејачката ДУИ. Таа вели дека наместо да се залагаме што повеќе жени како во светот да бидат на одговорни фунции, со тепањето пративме црна слика во светот за нашите состојби. “Не сакам да навлегувам во оценка за политичките проценки за судирот на власта и опозицијата, но силно го осудувам насилството врз колешките во собраниската сала, вели Мехмети. На нашето прашање дека во утринската програма на Канал 5 гледачи и честитале на одважноста иако е дел од власта да ја осуди вистината за тепањето Ермира вели дека тоа го прави од човечки аспект, независно од ставот на нејзината партија. За штурото соопштение за случувањата во и пред парламентот Ермира не сака да коментира“, пишува Ацо Кабранов.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите