Епископите на Православната Охридска Архиепископија служеа Литургија со Патријархот московски и на цела Русија г.г. Кирил

Од:

Неговата Светост Патријархот московски и на цела Русија г.г. Кирил и Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј служеа денес, 16-ти Ноември 2014 год., света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Сава“, во Белград. На Литургијата сослужуваа голем број Архиереји од Српската Православна Црква.

На Патријархот московски и на цела Русија г.г. Кирил, којшто началствуваше на Литургијата, му сослужуваа и Епископите од канонската Црква во Р. Македонија, Православната Охридска Архиепископија, Нивните Преосвештенства: Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид.

Литургиското сослужување и заедничкото причестување се критериумот за соборноста и единството на Црквата Христова.

Само онаа помесна Црква, којашто има литургиско заедничарење со сите останати помесни православни Цркви може да се нарече Црква Христова, Црква Православна.

„Православната црква“ која го нема тоа литургиско единство се нарекува расколничка црква.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите