Епископ Тихон: МПЦ има што да му покаже на православниот свет, за што да му сведочи

Од:

 Македонската православна црква има што да му покаже на православниот свет, за што да му сведочи, истакна епископот Јегоревски, г. Тихон (Шевкунов), викар на патријархот Московски и на цела Русија, г. Кирил, на денешната промоција на македонското издание на неговата книга „Несвети, а свети“. 

Вашата црква, нагласи, има што да им даде луѓето, ќе им даде многу богатство, особена душа и особена љубов.

– Секако не треба да биде замолчен овој апсурден, многу сензитивен момент, мислам за статус квото во прашањето за Македонската православна црква. Тоа треба да биде заедничка болка на целиот православен свет. Многу разговаравме за тоа со неговото блаженство, со претседателот, со претставници на МПЦ и сите сме длабоко убедени дека оваа рана на целото православие треба да биде излекувана. Патријархот Кирил и неговиот најблизок помошник, овие денови митрополитот Иларион ми се јави и ме замоли да ви пренесам дека Руската православна никогаш не отстапи од напорите да ја излечи таа болест, рече епископот Тихон.

Православните во Русија и во многу други земји, додаде епископот Тихон, со огромен интерес ќе дознаат за вашата земја, за македонскиот народ и за Македонската православна црква.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите