Епидемиолошката слика ќе ги одреди мерките кои ќе бидат на сила по 20 април

Од:

Последните бројки на новодијагностицирани бележат тренд на намалување, па така според вчерашната статистика регистрирани се 890 нови случаи на инфицирани со коронавирусот од направени 3.284 тестови. Во исто време, продолжува имунизацијата на населението со динамиката согласно располиживите вакцини и во очекување на нови дози од Кина и „Фајзер“, кои според најавите, треба да пристигнат во земјава до крајот на месецов.

Според податоци на Министерството за здравство, во претходните 24 часа во ковид-центрите во Скопје биле примени 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат во болниците во земјава вчера изнесуваше 1687 и имаше околу 340 празни болнички кревети.

Минситерот за здравство, Венко Фиилипче најави дека од Амбасадата на Кина добиле потврда дека околу 28 април во земјава треба да пристигнат околу 200 000 кинески вакцини, а пред тоа, на 19 и 26 април и по 10 000 вакцини на „Фајзер“.

Според него, веќе се обезбедени 2,6 милиони дози и нема потреба од дополнителна нарачка на вакцини.

Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката состојба и индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување.

– Нема да има ниту еден друг параметар или критериум освен заштита на здравјето, а во таа смисла проценка на епидемиолошката состојба која ќе биде причина мерките да продолжат или да се модифицираат, рече министерот за здравство, додавајќи дека надлежните институции ќе разговараат за ова и согласно состојбата ќе донесат соодветни одлуки.

Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје во деноноќието меѓу средата и четвртокот се регистрирани 890 нови случаи на Ковид-19, 1024 оздравени пациенти и 35 починати лица.

Со последните цифри, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 145.001, на оздравени пациенти 120.707, а на починати е 4.357, при што вчера имало 19.937 активни случаи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска