А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Епидемијата се уште во полн ек, потребно е поригорозно спроведување на мерките

by А1он23/06/2020 - 08:0023/06/2020 - 09:53557
Share0

Последниот здравствен билтен за изминатите 24 часа, со направени 665 тестирања, регистрира 90 нови случаи со Ковид-19, најмногу во: Скопје-36, следат Охрид со 13 и Струга со 10 новодијагностицирани. Починаа и девет пациенти, а оздравени се 48 лица.

Следете a1on на Instagram Instagram

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека според анализите на Комисијата за заразни болести, викендите со недели наназад прават некаква промена на бројот и на тестови и на новодијагностицирани. Во однос на големиот број починати, наведе дека најголемиот број од нив се повозрасни пациенти, односно огромен процент се со поголем број на претходни здравствени хронични состојби.

– Во одделенијата за интензивна нега навистина се се прави за овие пациенти, но, за жал поради тешка форма на болеста имаме ваков број на починати, изјави Филипче.

Повторно апелира за поригорозно спроведување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19, оти смета дека тоа ќе даде резултат.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Многу настани се случија во изминатиот период по што не се спроведе ниту контрола, ниту санкции и од тука произлегоа нови заразени. Секојдневно сме сведоци дека се организираат настани кои сега се забранети. Сметам дека контролата мора да биде поригорозна, порача Филипче на вчерашната прес-конференција.

Тој потенцира дека мерката со државен карантин е навистина добра и ќе прати сигнал до сите кои не ги почитуваат мерките оти треба да се придржуваат до нив, затоа што, вели, немаме друг механизам во борбата против вирусот. Информира дека во неколку наврати имало состаноци со претставници на МВР на кои се укажало на предизвиците и на проблемите со кои се соочуваат сите институции и од здравствениот систем, и оти сето тоа е сериозен сигнал секаде каде што може и треба поинтензивно да се работи.

– Сметам дека со таква интензивна работа на терен ќе се пушти сериозен сигнал до граѓаните и тие ќе сфатат дека овие мерки мора да се почитуваат, нагласи министерот Филипче.

Тој подвлече дека епидемијата е се уште во полн ек, а состојбата во регионот укажува дека практично во сите земји има пораст на случаите.

– Ова повторно не води до заклучокот дека вирусот е тука, ќе мораме да продолжиме да живееме со него, да се навикнеме на правилата за лична заштита и по тие правила практично ќе се функционира веројатно долг период, не само оваа година, веројатно и следната година, рече Филипче,и воедно, апелираше до политичките партии да ги почитуваат мерките и да бидат пример за граѓаните како се штити здравјето.

На македонските здравствени власти од вчера на располагање за лекување на Ковид – 19 им е и нов лек – Авиган кој што е обезбеден преку итна неповратна помош од Јапонија во партнерство со УНОПС (Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации). за лекување на 100 лица. Станува збор за антивирусна терапија што во Јапонија се користел за третман на инфлуенцата во 2014 година и се уште не е одобрен да биде специфичен лек за Ковид-19, но во тек се бројни клинички студии и од искуствата во апликацијата веќе има доста добри резултати во повеќе земји, рече Филипче. Генеричките форми, додаде тој, веќе се одобрени во Русија и во Индија, а се користат и во други земји во светот како офлејбл лек, кој што за да биде дефинитивно потврден потребно е да завршат клиничките студии.

Од Комисијата вчера е донесена одлука за постепено враќање во функција на останатите ЈЗУ и Клиники, односно секаде каде за тоа постојат услови, согласно претходно направени списоци за приоритет на пациентите, чии интервенции биле одложени.

Инаку, Комисијата за заразни болести и препорача на Владата да се отворат казината, автомат клубовите и ФЛТ апаратите во обложувалниците, да профункционира јавниот превоз во Тетово и кон крајот на неделава да се отворат теретаните и фитнес центрите согласно веќе утврдените протоколи. За отворањето на границите, како што рече Филипче,дополнително ќе се разговара денеска. Заради ризик од можна зголемена трансмисија на болеста, оценето е и дека се уште е рано да се отворат градинките и по разгледување на епидемиолошката состојба и бројките, одлуката за тоа ќе се носи понатаму.

Во меѓувреме, МВР вчера соопшти дека 566 лица добиле решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие. Контролата покажала дека само две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Од стапување во сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци, наведуваат од МВР.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео