ЕП: Македонските политичари да ги поддржат виталните интереси на земјата

Од:

Европратеници од неколку различни групи денес во Европскиот парламент со декларација ја образложија нивната одлука да го одложат гласањето на етапниот извештај за напредок на Македонија во 2012 година.

Со декларацијата европратениците побараа итно да се реши политичката кризи во Македонија.

-Како убедени поддржувачи на приклучувањето на БЈР Македонија на Европската унија, изразуваме длабока загриженост во врска со политичкиот застој и настаните од 24-ти декември. Имајќи ја предвид неспорната амбиција на земјата да продолжи кон членство во ЕУ, ги повикуваме сите политички лидери да продолжат со значаен политички дијалог, да стават крај на ќорсокакот и да ја вратат земјата на вистинскиот пат – стои во декларацијата.

Во неа европратениците бараат македонските политичари да ги остават личните и партиските интереси и да ги поддржат виталните интереси на земјата.

-Имајќи ги предвид најдобрите интереси за ЕУ-интеграцијата на БЈР Македонија, Комисијата за надворешни работи даде поддршка на нашиот предлог да се одложи гласањето за извештајот на Европскиот парламент и да им даде шанса на политичарите во земјата да најдат начин за излез од последниот застој во ова клучно време. Ние ја повторуваме нашата убеденост дека иднината на БЈР Македонија е во ЕУ и ја потврдуваме нашата подготвеност за поддршка на земјата на нејзиниот пат кон членството – стои на крајот од декларацијата на европратениците, задолжени да го следат напредокот на Македонија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“