ЕП: Без почеток на преговори растат ризиците за Македонија

Од:

Претседателите на трите најбројни пратенички групи во Европскиот парламент сметаат дека Советот на ЕУ треба да одреди датум за почеток на пристапните преговори со Македонија. Повторното одложување на одлуката поради противењето на Грција, според нив, носи ризици за Македонија, но и за регионот.

Австрискиот европратеник Јоханес Свобода, кој претседава со групата на Европските социјалисти и демократи во ЕП, изразува доза на оптимизам дека е можно да се добие датум за преговори.

– Се разбира дека сум оптимист, но тука се’ уште е ситуацијата со Грција и нејзиниот отпор против почетокот на преговорите пред решавањето на прашањето со името на Македонија. Но, останува да се види. Мислам сепак дека постојат извесни промени, вели Свобода во изјава за Дојче веле.

Тој се залага за позицијата, која најчесто можеше да се слушне во изминатиов период како можно решение за деблокирање на ситуацијата – почеток на преговори и паралелни преговори за решавање на спорот за името.

– Потребно е да се решат сите проблеми, но само по почетокот на преговорите. Сите проблеми не можат да се решат пред почетокот на преговорите, но тие можат да се решат пред членството во ЕУ, истакнува Свобода.

Ако Македонија не добие датум за почеток на преговорите, спроед него, тоа може да биде лошо за нејзината стабилност, но и за регионот.

– Тоа носи ризици за регионот, за Македонија, за стабилноста во регионот, посебно големи ризици за Македонија каде живеат две големи етнички заедници, смета Јоханес Свобода.

Жозеп Дол, претседателот на групата на народните партии во ЕП, се надева дека Советот конечно ќе донесе одлука за почеток на преговорите.

– Се надевам дека Советот ќе донесе таква одлука. Но, вие добро знаете дека тоа не е главната тема на Советот, ќе се обидам да видам со Ван Ромпој за да се постигне напредок по ова прашање, вели Дол.

Францускиот европратеник смета дека Грција мора да направи напори од нејзина страна. – Мислам дека Грција и мојот пријател Самарас треба да направи напори за да го реши ова прашање. Не можеме да продолжиме на ваков начин вечно, наведува Жозеп Дол.

Ребека Хармс, копретседателката на групата на Зелените во ЕП, која неодамна беше во посета на Грција со делегација на Зелените, вели дека прашањето за Македонија не беше на дневен ред при оваа посета.

– За време на претходната посета, ја имавме повеќе пати Македонија на дневниот ред и секогаш беше тешко да се зборува. Лично мислам дека грчката позиција во однос на Македонија и припаѓа на минатото. Вака не може да се продолжи понатаму од страна на Грција, бидејќи тоа е блокада на иднината. Според мене, Грција треба да биде за отворање на преговори со Македонија. Ако се погледне картата на Европа вака како што постои сега, се гледа дека има голема празнина во ЕУ која се наоѓа на Балканот. Грција има интерес од проширувањето на ЕУ кон територијата на Балканот, вели Хармс за Дојче веле.

Однесувањата и стратегиите на блокади, според германската европратеничка, не носат ништо. Хармс не се осмелува да дава прогнози дали Македонија ќе добие датум за пеговори, но вели дека „се е можно“.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ