Енергетска фасада и нови бои на зградата на булевар „Климент Охридски“

Од:

Зградата број 13 на булевар „Климент Охридски“, изградена на значајна сообраќајница во 50-те години од минатиот век, со руинираниот изглед до пред неколку месеци го нагрдуваше изгледот на просторот, соопштуваат од општина Центар.
fasada 3

Општината ја реконструраше фасадата со површина од 2179 метри квадратни, а како и на сите досегашни реконструкции на зградите, поставена е енергетско ефикасна фасада околу целата зграда, а не само на предниот дел.
fasada 5

Задржан е автентичниот изглед, а боите беа избрани во договор со станарите.
Новата фасада овозможува многу подобри услови за живеење за станарите, кои сега ќе плаќаат за 30 % пониски сметки за електрична енергија.
Се работи за контактна фасада, изведена од стиропор со дебелина од 5cm и завршен слој од пластичен малтер. Зааменети се и окапниците и олуците.
Ова е 11-та зграда по ред која ја реконструираше општина Центар. Средствата за реконструкција и на оваа фасада се одвоени од буџетот на општината.
fasada4

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он