Ем прв човек на скопски катастар, ем ерген?

Од:

Од директор на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов стигна до функцијата прв човек на скопскиот катастар. Има 27 години, а за себе велеше дека неговата младост не е пречка, туку предност за неговата функција зашто ги разбирал младите. Што да се каже сега за новата функција во катастарот, само после две години?

„Ќе дадам се од себе за да придонесам во квалитетно услужување на граѓаните, во развојот и унапредувањето на работата на Центарот за катастар на недвижности – Скопје“, изјави Спасов за „Курир“.

Кој е Диме Спасов? 

„Иако долго време е во врска, смета дека му е рано за женење, но се чувствува подготвен да има деца и уште сега би сакал да има три“, пишуваше „Вест“ пред две години кога го стави во категоријата најпосакувани ергени.

„Не се чувствува како посакуван ерген, а девојките ги освојува со заводлив поглед, нефолирантскиот муабет и со бебешкиот изглед“, пишуваше „Вест“.

„Не се чувствувам како посакуван ерген. Јас сум скромен дечко и не патам од комплексот да ме знаат и сакаат сите. Не сум станал ниту малку вообразен откако сум директор, јас сум истиот оној Диме и кога бев студент и кога работев во јавното претпријатие за станбен и деловен простор.

– А не забележувам ниту дека сега многу девојки ме сакаат, можеби е така оти не излегувам многу често поради обврските. А велите дека девојките кога ќе излезам во диско ме загледуваат, тоа е сигурно оти сум им познат од телевизија или од весници, а не затоа што сум шармер”, смеејќи се вели Диме.

Сака интелигентни девојки, со природен изглед, без грам шминка. Никогаш вниманието нема да му го привлече девојка што има длабоко деколте и кусо здолниште. Прво што забележува кај девојка се очите.

„Девојки со нападна шминка воопшто не ме привлекуваат. Не сакам да бакнам девојка што има ставено три слоја пудра на лицето и нападен кармин”, изјави Спасов за „Вест“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми