Фирмата Елтра ДООЕЛ за која лани СДСМ обвини дека е управувана од снаата на уредникот на Сител Драган Павловиќ-Латас од Гази Баба доби тендер за изградба на улично осветлување во вредност од 127.000 евра.
Според објавата на бирото за јавни набавки договорот е склучен на 22 јануари годинава а е со важност од една година.
Проценетата вредност на тендерот е 8.000.000 милиони денари а склучениот договор со вклучен ДДВ е со вредност од 7.850.888 денари или околу 127.656 илјади евра.
На јавниот повик на општина Гази Баба имало две понуди но била избрана онаа на Елтра ДООЕЛ. Услов за да се добие тендерот бил најниска цена а била користена и електронска аукција.
Опозицијата лани обвини дека фирмата Елтра ДООЕЛ пред и по локалните избори пред две години добила 2.900.000 евра.
Според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов Елтра ДООЕЛ ги добивала тендерите за улично осветлување воглавно од градоначалниците, Коце Трајановски, Ивица Коневски, Тони Трајковски и Стевчо Јакимовски.
Според документите кои лани ги објави Шилегов од град Скопје Елтра ДООЕЛ два месеца пред локалните избори, на 31.01.2013 добила тендер за електрични инсталации за осветлување од 40 илјади евра.
Според СДСМ половина година по локалните избори, фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ добила два тендера од Град Скопје, на 11.09.2013 набавка на штедливи светилки, од околу 12 илјади евра и на 24.10.2013 за електрични инсталации за осветлување, бизнис од околу 102 илјади евра.
СДСМ лани објави дека општина Гази Баба, два месеца пред локалните избори, на 10.01.2013 оваа фирма, за изградба на улично јавно осветлување добила тендер од околу 33 илјади евра.
Шилегов минатата година објави и дека Елтра ДООЕЛ добила на тендер и во Карпош или околу 50 илјади евра.
Тендер Елтра ДООЕЛ добила и во Аеродром. За оваа јавна набавка Шилегов тврдеше дека е во вредност од 609 736 евра.