Елмар Брок: СДСМ ја држи земјата во заложништво за свои партиски цели

Од:

Претседателот на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, Елмар Брок, денеска ja осуда одлуката на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија да ги бојкотира претстојните локални избори.

– Позицијата на СДСМ е неодговорна кон сопствената земја. За свои партиски политички причини, оваа партија ја држи целата земја во заложништво! Мое мислење е дека македонската Влада не е таа што е неподготвена, туку СДСМ – рече во изјава за дописникот на МИА од Брисел првиот човек на АФЕТ, која е најважна комисија за спроведување на политики на Европарламентот.

Во продолжение на својата изјава, Брок изразува надеж дека групата на Социјал-демократите во Европскиот парламент ќе му укаже на својот партнер од Македонија дека треба да престане со игрите.

– Домашните политички  цели на оваа партија не треба да ги затемни ЕУ-перспективите на земјата. Албанските социјалисти и нивниот лидер Еди Рама не треба да служат како пример, потенцира Брок.

По нејзиниот вчерашен став за ”Дојче Веле” во врска со политичката ситуација во Македонија, европратеничката Дорис Пак денеска со нова реакција за потегот на СДСМ. Во изјава за дописникот на МИА од Брисел, таа потенцира дека ваквиот развој на настаните не е корисен за патот на Македонија кон ЕУ.

– Однесувањето на опозицијата е неприфатливо и неодговорно. Тоа штети на угледот на земјата и е доказ за недостаток на политичка зрелост, децидна е Дорис Пак.

Како одминува време по одлуката на партијата на Црвенковски да ги бојкотира локалните избори, така се поголем број на високи претставници на ЕУ се јавуваат со осуда на ваквиот потег, што ги урива надежите на СДСМ за меѓународна поддршка на нивното улично делување.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија