Новата заменик министерка за одбрана Елфет Исмаили денеска во Министерство за одбрана (МО) ја презеде функцијата од досегашниот заменик министер, Тирон Јајага.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, Јајага на примопредавањето на функцијата на Исмаили и посакал успех во работата.
На денешното стапување на функција, заменик министерката Исмаили се сретнала и со министерот Владо Мисајловски, кој и честитал за изборот и и посакал да имаат успешна и плодна соработка.
Заменик министерката Исмаили се заблагодарила за честитките и потенцирала дека сето свое знаење и искуство ќе ги вложи во насока на унапредување и развој на одбранбените капацитети.