Елена Тевчева поврторно на чело на ЛДП Велес

Од:

Елена Тевчева е нов претседател на општинската организација на ЛДП од Велес. На синоќешното изборно собрание, таа доби поддршка од присутните долегати за нов четиригодишен мандат на чело на велешкиот огранок на оваа партија.

Во својата програма за работа, претседателката вети амбициозни проекти, кои, според неа, ќе ја етаблираат општинската организација на ЛДП од Велес и ќе ја направат уште попрепознатлива политичка опција од центарот.

„Секојдневно во партијата доаѓаат нови членови кои сакаат да дадат свој придонес на претстојните предвремени парламентарни избори, за да се случат промените на политичката сцена и оваа власт конечно да замине во историјата.“

Тевчева е актуелен член на Советот на општина Велес, а за неа ова е втор мандат на чело на општинската организација на ЛДП Велес.

На изборното собрание присутен беше лидерот на ЛДП Горан Милевски, кој за почетокот на декември најави трибина во Велес.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство