А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕЛЕМ се откажа од продажба на вишоци на електрична енергија за да и помогне на Србија

by А1он19/05/2014 - 13:35169
Share0

АД „Електрани на Македонија“  ја откажа денешната  јавна аукција за продажба на вишоци на електрична енергија за периодот од 20 до 24 мај  поради потребата од насочување на дел од произведената енергија  кон  Република  Србија.

Добивај вести на вибер

– Денеска од полноќ  почна најавената испорака на хавариска енергија кон електропреносниот систем  на Србија со 80 мегаватачасови во банд режим  што ќе помогне да се надмине недостатокот од овој енергент како последица  на катастрофалните поплавите  на територијата на Србија. Истовремено,  електричната енергија од Македонија  ќе придонесе во одржување на стабилноста и доверливоста на тамошниот електроенергетскиот систем, како и  на севкупниот  електроенергетски блок во регионот, велат од ЕЛЕМ.

Посочуваат дека во изминатите неколку денови АД ЕЛЕМ  е во интензивна комуникација со колегите од „Електромрежа  на Србија“ и  „Електростопанство на Србија“ со кои заеднички се анализираат сите технички детали во врска со состојбата на електроенергетскиот систем во Србија.

– Разгледани се можностите  за испорака  на дел од производството кон нашиот северен сосед, притоа целосно респектирајќи ги обврските кон тарифните  потрошувачи, како  и обврските кон АД МЕПСО за обезбедување  системски услуги. Од утре испораката на струја во Србија ќе зависи од нивните потреби,  како и од нашите можности за производство, информираат од АД ЕЛЕМ.   

Како што веќе најави Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ, компанијата  во следниот период ќе произведува електрична енергија за потребите на Република Србија и за нејзините граѓани, а  во соработка со српските енергетски власти состојбата ќе се следи на дневно ниво.

– Им стоиме на располагање на пријателите од Србија во врска со се што ќе им биде потребно од наша страна, се разбира, во рамките на  можностите.  Во овој момент тие изразија потреба за  електрична енергија која им е неопходна поради намаленото производство од нивните електрани.  Подадената рака во основа значи техничка солидарност во согласност со протоколите за соработка и одржување на интегритетот на електроенергетските системи во регионот и намалување на можноста за нарушувањето на нивната стабилност во услови кога земјите од соседството се соочуваат со природна катастрофа.  Исто така, количините ќе помогнат превентивно во намалување на ризикот од  евентуален прекин на снабдувањето  во делови од Србија поради недостаток  на електрична енергија. На нашите колеги веќе им понудивме помош  од  инженери и друг стручен  кадар кој би можел да им помогне во санацијата на штетите како последица од поплавите во дел од  нивните термоелектрани , изјави  Бошковски за МИА.

Тој посочи дека АД ЕЛЕМ  им се заблагодарува на компаниите кои  имаа намера да учествуваат на денешната аукција за продажба на електрична енергија и верува дека ќе имаат разбирање за новонастаната ситуација.  Како и досега, за секоја идна аукција компанијата редовно ќе информира на својата веб страница.

elempoplavi

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски29/11/2025 - 17:2429/11/2025 - 17:40

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:21

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Горан Наумовски28/11/2025 - 10:45

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ23/11/2025 - 11:3423/11/2025 - 15:56

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:58

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили

Горан Наумовски13/10/2025 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен