А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕЛЕМ ја следи состојбата и го одржува водостојот на акумулациите на безбедно ниво

by А1он26/02/2013 - 16:35162
Share0

АД „Електрани на Македонија“ соопшти дека секојдневно внимателно ја следи состојбата поради обилните врнежи и зголемениот дотек на вода се преземаат превентивни мерки за целосно прифаќање и искористување на хидропотенцијалот што се слева во хидроакумулациите.

Добивај вести на вибер

Целта е хидроелектраните целосно да ја обработат водата која надоаѓа во акумулациите, и при тоа да се одржува водостојот на дозволеното и безбедно ниво.

– За таа цел се оптимизира процесот на производство на електрична енергија, односно зголемено е ангажирањето на хидрокапацитетите како максимално би се искористиле хидропотенцијалите, додека намалено е производството од термокапацитетите со цел на зачувување на јагленот како енергенс за производство на електрична енергија и намалување на трошоците за производство, велат од ЕЛЕМ.

Заради намалување на трошоците на производство и зачувување на јаглен, од електроенергетскиот систем на Република Македонија исклучена е термоелектраната „Осломеј“, а во наредниов период, во зависност од потребите и расположливиот хидропотенцијал, производството на трите термоблокови во РЕК „Битола“ дополнително ќе се оптимизира.

– Нивото на Охридското Езеро во согласност со мерењата на АД ЕЛЕМ и УХМР, само во последните 48 часа е зголемено за осум сантиметри, но е под максимално утврдената работна кота на езерото. АД ЕЛЕМ превзема мерки за намалување на нивото со координирана работа на хидроелектраните Глобочица и Шпилје, велат од ЕЛЕМ.

Акумулациите на АД ЕЛЕМ, додаваат, и во наредниот период ќе имаат простор да ги прифатат и обработат зголемените дотоци на вода. Акумулацијата „Маврово“ е исполнета со околу 49 отсто од целиот капацитет, езерото Тиквеш 85,17, додека акумулацијата „Козјак“ заклучно со денеска е на ниво од 70,83 отсто исполнетост.

energetika

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:10

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Горан Наумовски28/04/2025 - 10:50

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Горан Наумовски16/04/2025 - 12:14

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on22/02/2024 - 10:51

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог Закон за енергетика

Горан Наумовски29/09/2022 - 11:07

За евтина струја додека трае вонредната состојба регулаторите очекуваат анализи од енергетските компании

Маја Илиевска-Пачемска24/03/2020 - 19:3824/03/2020 - 19:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен