Елаборатот за штетите во Гевгелиско усвоен, но дали ќе биде исплатен

Од:

„Советот на Општина Гевгелија по деветти пат усвојува елаборат за проценка на штети од невреме, но како и другите од 2009 година, па наваму дали ќе ја доживее исплатата кон оштетените граѓани, земјоделци и правни лица“, праша Наташа Минова советник во Општина Гевгелија и актуелен претседател на општинската организација на СДСМ на вчера одржаната втора седница на општинскиот Совет при разгледувањето на Елаборатот за проценка на штети од невремето што го зафати гевгелискиот крај од 27 февруари до трети март годинава.

Годинашниот извештај има финансиска тежина од 14.759.790 денари и се однесува на штети од поплавените 22 хектари со земјоделски култури во Гевгелија и уште осум населени места од општината во реонот на Миравци, Милетково, Давидово, Смоквица, Ново Конско, Богородица, Мрзенци, Негорци, Прдејци, во кои штета пријавија 100 физички лица, претежно земјоделци и уште шест правни лица.

Заедно со другите донесени елаборати од страна на Советот на Општина Гевгелија за штетите настанати од елементарна непогода – невреме од 2009 годинаво Богородица и Гевгелија (па следуваат: 2.7.2010 година во Миравци, Смоквица и Милетково, 1.6.2012 во Миравци и Давидово; 26.9.2012 год; 27.8.2012 пожарот во Гевгелија…) севкупната вредност во подготвените елаборати 95 милиони денари.

Иако за сите е добиен позитивен одговор од Владата, досега се исплатени само 20 отсто од штетите од 2009 година и првите 15% во 2010. Со петиции и протести на жителите од Богородица во 2011 г. беа исплатени уште 5%, иако останаа неисплатени одобрените уште 10% со одлука на Влада на РМ, или вкупно одобрени 30% од проценетата штета, а исплатени 20%.

„За другите одобрени елаборати Советот нема никакво известување за наплатите и се сомневаме дека и овој елаборат ќе им донесе корист на граѓаните, иако ние како СДСМ ќе го поддржиме“, изјави Минова од име на советничката група на СДСМ на вчера одржаната втора седница на Советот на Општината.

Елаборатот е едногласно усвоен, со предлог-мерките за обезбедување финансиски средства за обештетување на секој земјоделец и правен субјект,сопствениците на оштетените земјоделски посеви да бидат ослободени од плаќање на надомест за наводнување, регулирање на речните корита, во долните текови посебно, на Серменинска и Мрзенска река, на самиот влив во реката Вардар, каде што се направени целосни 100 проценти штети на посевите, чистење на одводниот канал одј Богородица до сливот во реката Вардар и регулирање на јазот од  мостот до селото Ново Конско.

Мнозинството советници ги одбија предлог-мерките поднесени од Марија Костадинова за канализирање на отпадните води во Миравци, за санација на мостот кај Давидово, кој го дели селото од црквата, со надгласување.

Одбиени беа и мерките предложени од Наташа Минова,кои се однесуваа за обезбедување поволни земјоделски кредити на оштетените со каматна стапка од 5% преку Македонската банка за поддршка на развојот, репрограмирање – одложување на плаќањата за веќе земените кредити на засегнатите земјоделци, обезбедување регрес за вештачки ѓубрива и за нафтата за оштетените земјоделци, подигање на свеста кај граѓаните за осигурување на земјоделските посеви преку осигурителни друштва и обезбедување учество преку државни средства.

Усвоениот елаборат ќе биде испратен на одобрување пред владините тела: Републичката комисија за процена на штети од елементарни непогоди и Владата на РМ.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија