Екуменска и меѓурелигиска средба на младите со папата

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, утре ќе престојува во посета на државава, во рамки на која ќе одржи литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе има средба со државниот врв, со лидерите на верските заедници, со свештеници од Католичката црква и со нивните семејства, претставници на цивилното општество и на дипломатскиот кор.

Меѓу закажаните активности е и екуменска и меѓурелигиска средба на младите со папата Франциск, на која ќе може да присуствуваат сите млади од државава и од светот кои претходно се пријавиле и добиле влезница.

Сите пријавени млади за оваа средба, во дворот на катедралата „Пресвето срце Исусово“ треба да пристигнат најдоцна до 14:30 часот.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска