Ексвработените од „1ТВ“ викнати да се вратат на работа, се појави нов газда

Од:

Се прават обиди да се рестартира „1ТВ“, со продажба на телевизијата, откако неофрмалниот сопственик Бојан Јовановски познат како Боки 13 беше уапсен како осомничен во случајот „Рекет“. Ексвработени во телевизијата за „А1он“ велат дека пред неколку дена биле на состанок, каде разговарале со човек кој се претставил како нов газда на телевизијата. Истовремено, Бане Поповиќ сопственик на „Томато продукција“ која ги изнајмуваше просториите на „1ТВ“ за „А1он“ вели дека телевизијата е иселена од неговата зграда. Неофицијално, рестартирање и ребрендирање на телевизијата ќе прави македонец кој живее во Хрватска, преземајќи ја лиценцата за емитување на програма од „1ТВ“.

„Претходниве денови не повикаа на состанок. Ние бевме, а таму запознавме лице кое се претстави како нов газда. Ни кажаа дека ќе ја рестартираат телевизијата и сакаат повторно да работиме таму. Ние не го знаеме човекот, кој не ни кажа ниту кога ќе се почне со работа. Ние поставивме и наши услови, а еден од тие беше да ни се исплатат заостанатите плати“, вели поранешен вработен во „1ТВ“ за „А1он“.

Рестартот на телевизијата ги стави во дилема вработените дали повторно да се вратат на работа, односно дали во иднина телевизијата ќе биде финанскиски стабилна, бидејќи дел од нив веќе имаат нови работни места.

„Јас добив повик и ми кажаа дека телевизијата ќе се рестартира. Веќе имам ново работно место, но и натаму сум во дилема што да правам. Најважно ми е да ни ги исплатат првите две плати, па потоа се останато. Сеуште не знам ниту за која плата би работел кај новиот газда“, вели ексвработен во техничкиот оддел на „1ТВ“.

Сопственикот на „Томато продукција“ вели дека бара нов кираџија за просторот кој го дава под наем. Негира дека тој ја превзема „1ТВ“ потенцирајќи дека договорот со Миле Јовановски и Јасна Мандиќ, кои се формални сопственици на телевизијата е раскинат.

„Јас да можев да направам телевизија немаше да ми треба никој, имам простории и опрема. Но, нашиот закон не дозволува тој што има продукција, да има и телевизија. Договорот со „1ТВ“ е раскинат, бидејќи ако не го сторевме тоа и ние ќе отидевме во стечај. Ние бараме нов кираџија, а тоа не е така лесно. Засега нема заинтересиран за изнајмување на опремата и објектот. Телевизијата е иселена од нашите простории“, вели Поповиќ за „А1он“.

„1ТВ“ и натмау зрачи во телевизискиот простор, но со снимена програма. Доколку телевизијата во наредниот период не почне со емитување на програма во живо и се заканува одземање на лиценцата од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Сопственик на 1ТВ, според податоците од Централниот регистар, е фирмата БМЈ Медиа груп, а директор е Јасна Мандиќ. Како сопственици на БМЈ Медиа груп, пак, повторно се јавува Јасна Мандиќ, но и таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, кој воедно е и директор на фирмата. Името на Боки 13 не фигурира никаде во официјалните документи, а тој во интервјуата што ги даваше на телевизијата се претставуваше како нејзин газда.

Би можело да ве интересира

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Боки 13 е на операција за отстранување на желудникот

Катерина Ѓуровски