Екстрадиран Штекли кој се поврзуваше со убиството на Јанушев, а е дел од подземјето

Од:

Раде Трајковски-Штекли, кој неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев е екстрадиран во Македонија за да издржува затворска казна од шест месеци, дознава „А1он“. Според наши извори, тој од Белград е донесен од српската полиција до македонската граница, каде е преземен од припадници на Министерството за внатрешни работи. Сега, тој е сместен во приемното одделение во затворот „Скопје“ во Шутка. Екстрадацијата на Трајковски-Штекли доаѓа откако пред пет месеци беше уапсен, бидејќи по него беше распишана меѓународна потерница. Тој е познат како дел од македонското подземје.

Дали навистина сега екстрадираниот Трајковски-Штекли имал поврзаност со убиството на фудбалерот Јанушев, досега надлежните институции не кажаа. Тој не беше ниту обвинет. Неговото име се споменуваше само од страна на дел од медиумите, дека имал свој удел во крвавиот чин во 2017 година во Аеродром, како и дека се сретнал со осудениот за убиството, Филип Секуловски- Кобра

Трајковски-Штекли беше недостапен за македонските истражни власти уште од 2017 година. Во 2019 година, доцна навечер, со шипки беше претепана поранешната сопруга на Трајковски-Штекли, пред влезот на зградата каде живее. Непознато е и дали овој инцидент има поврзаност со убиство. Потерницата за Трајковски-Штекли беше распишана поради соизвршителство во инцидент каде со насилство повредил друго лице.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен