Од денеска ќе се спроведе екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, кои не беа тестирани во периодот од 26 до 30 јануари, соопшти Министерството за образование и наука.
Тестирањата ќе се реализираат согласно објавените распореди на интернет страницата: prasanjaeksterno.dic.edu.mk. Резултатите ќе бидат објавени на 23 февруари 2015.