Екстерно тестирање на матурантите од 25-ти до 29 јануари

Од:

Во средните училишта од понеделник до петок идната недела (25-ти до 29 јануари 2016) ќе се спроведе екстерно тестирање на учениците во завршните години во средно образование.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за тестирањето се пријавени 19.931 матурант кои ќе полагаат тестови од два предмета. Распоредот со датумите за двете полагања учениците го знаат од 18 јануари, но по кои предмети ќе бидат тестирани ќе знаат три дена пред денот на полагањето на конкретниот предмет. Така што денеска се објавени предметите за учениците кои ќе бидат тестирани во понеделник.

– Распоредите се објавени во секое училиште, тие имаат пристап, од наша страна ги добија тие распореди и потоа можат да ги симнат од апликацијата и да ги објават во училиштето. Прелиминарните резултати планираме да ги објавиме на 8 февруари. Од 8 до 10 февруари ќе трае поднесувањето приговори. На учениците што нема да поднесат приговор, првиот резултат ќе им биде конечен, а за останатите кои ќе поднесат, по разгледување на приговорот резултатот ќе биде објавен на 12 февруари, изјави директорката на ДИЦ Мируше Ахмети, која на матурантите им посака успех и добри резултати на претстојните тестирања.

За матурантите се опфатени 1.662 предмети. ДИЦ пред Нова година во отворен базен ги објави прашањата по сите предмети (за сите насоки на гимназиско, стручно и уметничко образование). До 8 јануари траеше можноста да се напише коментар, односно да се пријават грешки во прашањата. Од 306 поднесени коментари, 242 биле прифатени, 38 не биле и 25 биле нелогични.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Екстерното тестирање беше една од најголемите антиреформи

Наум Локоски

МОФ: Екстерното тестирање постигна само оштетени ученици и професори и залудно потрешени пари

Наум Локоски

МОН: Укинувањето на екстерното тестирање објавено и во Службен весник

Наум Локоски

ВИДЕО: Укинато екстерното тестирање

Наум Локоски

Законите за укинување на екстерното и локалните избори во скратена постапка во македонското Собрание

Наум Локоски

(ВИДЕО) Дескоска: Утре се укинува екстерното тестирање

Ана Ололовска