Експлозивни направи најдени во Слупчане и Битола

Од:

Две рачни бомби-кашикари покриени со шут биле најдени во липковското село Слупчане. Ги пронашол А.Р. (55), жител на селото, додека уривал ѕид со багер, соопшти МВР во дневниот билтен.

Бомбите се наоѓале од надворешната страна на ѕидот покрај селскиот пат. А.Р. пријавил во полициското одделение Матејче вчера во 10:40 часот, а стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасувње Куманово ги подигнало пронајдените експлозивни направи за понатамошна постапка.

МВР наведува дека бомбите се од кинеско производство, без ознаки и биле исправни. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

И во полициската станица Битола вчера во 10:30 часот е пријавено дека е најдена експлозивна направа. П.М. од Битола пријавил дека во близина на Сточниот пазар пронашол неексплодирана артилериска граната калибар 22 мм од Првата светска војна.

Во 11 часот гранатата била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување-Подрачна единица Битола.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ