Експлозија и пожар во Железара, засега нема пријава за повредени

Од:

Силна експлозија утрово се слушнала од фабриката „Железара“, а кусо по експлозија избувнал и пожар. Очевидци велат дека експлозијата и пожарот се случиле во погонот „Енергетика“ на Електрани на Северна Македонија и досега не се пријавени повредени.

Експлозијата веднаш била пријавена во МВР од каде, неофицијално, веќе се испратени екипи на терен.

Силната експлозија се слушнала и во соседните населби. Татнежот предизвикал паника меѓу жителите на Чаир, Автокоманда и Бутел.

Граѓани и од овие населби ја пријавувале експлозијата.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип