Екс директорот не се појави да наплаќа паркинг во Охрид

Од:

Екс директорот на Јавното претпријатие „Билјанини извори“ во Охрид, Боро Шајн денеска не се појави на своето ново работно место- наплаќач на паркинг.

Тој според новата систематизација на претпријатието по смената од директорското место по доаѓањето на новата локана власт треба да наплаќа за паркирање во централното градско подрачје. Новиот директор, Иван Цветковски информира дека ако Шајн во рок од три дена не го оправда своето отсуство ќе следува отказ.

„Не е сменета одлуката за Боро Шајн. Тој денеска не се јави на работа. Во текот на денот сигурно ќе има оправдување зошто е тоа така. Согласно законот, ако три дена не се оправда, се добива отказно решение. Јас верувам дека до тоа нема да дојде и верувам дека господинот Шајн ќе го оправда неговото отсуство од работа“, изјави Цветковски.

Смената на Боро Шајн инаку кадар на СДСМ во Охрид, во јавноста предизвика партиски реакции.Од неговата СДСМ во писмено соопштение рекоа дека прераспределата на Шајн била направена од реваншистички побуди.

„Несфатливо е како може да се прераспределуваат работници на работни места кои не се според нивното образование и квалификации. Прв на удар на ова прераспределување беше висок функционер на СДСМ – Охрид, организициониот секретар на партијата и доскорешен директор на претпријатието, д-р Боро Шајн, специјалист инфектолог со решение прерараспределен на работното место – наплатувач на јавен паркинг, и уште други 15–тина лица, членови или симпатизери на СДСМ.

– Овај потег не може никако поинаку да се сфати, од тоа дека е направен од реваншистички побуди, да се заплаши членството на СДСМ и да се атакува на рејтингот на партијата во Охрид. Со ова предизборните ветувања на актуелниот градоначалник Никола Бакрачески, дека кон вработените во администрацијата и јавните претпријатија кои се под капа на локалната власт, ќе нема никаков реваншизам, биле чист популизам“, стои во реакцијата на СДСМ Охрид.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

43-годишен велешанец најден мртов на паркинг во Скопје